Лионел Меси вели дека нема да се откаже од аргентинскиот дрес и покрај тоа што ја предводеше Аргентина до остварување на сонот и освојување на третата светска титула во историјата.
Откако го оствари својот сон, постигнувајќи два гола во фантастичниот меч со Франција, кој заврши 3:3 по 120 минути игра за да победи на пенали, капитенот проговори за својата иднина.
„Не, нема да се повлечам од аргентинската репрезентација. Сакам да продолжам да играм како шампион. Лудо е што ја освоивме титулата на ваков начин. Знаев дека Господ ќе ни ја даде круната. Имав чувство дека ќе биде на ваков начин. Видете го трофејот, колку е прекрасен. Страдавме, но стигнавме до целта. Едвај чекам да дојдам во Аргентина да видам колку ќе биде лудо. Ова е трофејот кој го сакав целиот мој живот, мојот сон од детството“, изјави Меси за аргентинската „TyC sports“.