Top Sport

Мартинез побара „минута молчење“ за Мбапе

Емилијано Мартинез, еден од аргентинските херои на 22.Светско првенство во Катар, режираше уште еден скандал.

Голманот на Аргентина, во текот на турнирот, покрај со своите брилијантни одбрани, вниманието на јавноста го привлече и со своите непримерни реакции.

Во четврт-финалето против Холандија, откако да пати одбрани удари од белата точка и ја однесе Аргентина во следната рунда, го пцуеше селекторот на „лалињата“ Луј ван Гал.

Синоќа, непримерно славеше со трофејот за најдобра голман, а во соблекувалната без потреба го навреди најдобриот француски играч Килијан Мбапе.

Мартинез од соиграчите побара минута молчење за Мбапе.

 

Scroll to Top