Top Sport

Факундо Кампацо ја засили Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда го потврди трансферот на аргентинскиот плејмејкер, Факундо Кампацо.

Кампацо потпиша договор до крајот на сезоната, вреден 1.800.000 евра, а доколку остане и следната сезона во Белград тогаш Аргентинецот ќе добие уште 2.500.000 евра.

Како што објавија српските медиуми, во дговорот постои можност, тој да го напушти клубот по завршувањето на сезоната, доколу добие понуда од НБА лигата. Доколку ја искористи таа опција тогаш тој ќе треба да го обесштети клубот со сомболични 50.000 евра.

Кампацо оваа сезона одигра само осум натпревари во НБА лигата, во дресот на Далас Маверикс и имаше просек од 1,3 поени и 1,1 асистенции за 6,5 минути по натпревар.

Минатата сезона во Денвер имаше просек од 5,1 поен и 3,4 асистенции на 65 натпревари.

Кога го напушти Реал во 2020 година, по шест години, во Евролигата имаше просек од 13,5 поени со 6,7 асистенции и 2,5 скока и 2 украдени топки.

Двапати ја освои Евролигата, три пати беше шампион на Шпанија, а со Реал освои два Купа и четири Суперкупа.

 

Scroll to Top