Капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем, е првото големо засилување за Воска спорт во зимскиот преоден рок. Тој потпиша договор на 18 месеци и треба да помогне во обидот овој второлигаш да избори пласман во елитата.
„Со задоволство ве информираме дека денеска постигнавме договор со капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем. Договорот со овој квалитетен играч за врска е на 18 месеци, додека со неговото искуство се надеваме дека напролет овој средниот ред ќе го има вистинскиот сјај и дека неговото искуство ќе им помогне и на играчите од нападот да бидат максимално ефективни.
Адем во есенската сезона со Македонија ЃП одигра вкупно 14 натпревари, од кои два во Конференциската лига на УЕФА, откако минатата сезона го крена пехарот од Купот на Македонија.
Токму со Македонија ЃП, Ермедин Адем има одиграно најмногу натпревари во Првата лига, каде брои околу 250 натпревари и 33 постигнати голови. Потсетуваме, Адем претходно во кариерата настапуваше и за Шкупи, Милано од Куманово, Напредок, Тетекс и за Ренова“, објавија од Воска Спорт.