Младинскиот репрезентативец на Македонија, Хамза Рамани, е ново засилување на Силекс. Тој оваа зима одлучи да ја напушти Победа и во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на кратовскиот тим.
Рамани потекнува од младинските категории на Шкупи, а покрај за Победа играше уште и за екипите на Велазерими, Велешта и за Беласица.
20-годишниот играч одигра 13 натпревари за Победа во ПМФЛ и успеа да постигне еден погодок.