Top Sport

Франција го издрибла Зидан, Дешан ќе остане селектор до 2026 година

Дидие Дешан уште четири години ќе ја води Франција, тврдат медиумите во оваа земја. Дешан во 2018 година ја однесе Франција до светската круна, пред неколку дема загуби во финалето од Аргентина.

Дешан реши да го смени мислењето, откако Французите најавуваа дека по СП во Катар на неговото место ќе дојде Зинедин Зидан. Наводно тоа Фудбалската федерација на Франција му го ветила, поради што Зизу ги одби понудите од ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Кога станува збор за Џешан, тој има совршен план за наредниот период. Бидејќи е извесно дека 35. годишниот Уго Љорис ќе се повлече од репрезентацијата, тој планира капитенската лента да му ја даде на Килијан Мбапе, со што долгорочно ќе го реши ова прашање и ќе си обезбеди „мир во куќата“.

Scroll to Top