Познатиот мексикански голман Гилјермо Очоа ќе стане нов фудбалер на Салернитана, пренесуваат италијанските медиуми.
Еден од најголемите херои во поновата историја на светските првенства се враќа на голема врата откако малку исчезна од радарот, барем во европските медиуми, со оглед дека во својата татковина го носеше дресот на Клуб Америка.
Сепак, и покрај тоа што има 38 години, Очоа, прави нов трансфер. Овојпат тоа ќе биде Серија А каде што сѐ уште нема играно во кариерата.
Тој до крајот на сезоната ќе брани за Салернитана и ќе се обиде да им помогне да го задржат прволигашкиот статус.
Засега на тимот му оди одлично, бидејќи е на 12. место на табелата со 10 бода повеќе од Сампдорија.
Гилјермо Очоа имаше извонредни одбрани на овој Мундијал, кој заврши неславно за Мексиканците веќе во групната фаза.