Фудбалерот на Ливерпул и француски репрезентативец Ибрахимa Конате може да се нарече најголемиот спортски губитник во 2022 година.
Корпулентниот стопер зад себе има фантастична година во која целосно се проби на најголемата фудбалска сцена, стигна до двете најголеми финалиња во клупскиот и репрезентативниот фудбал, но остана без трофеј.
Конате со Ливерпул беше поразен од Реал Мадрид со 1:0 во финалето на Лигата на шампионите во Париз на 28 мај, а на 18 декември во Доха остана без шампионскиот пехар на Светското првенство откако Аргентина беше подобра од Франција на пенали.
На сето ова треба да се додаде и дека Ливерпул заврши на второто место во Премиерлигата зад Манчестер Сити.
Сепак, за Конате има време, има само 23 години, а пред него е светла кариера. Помина покрај најголемите трофеи, можеби еден ден ќе ги подигне во свои раце.