Клубот со најбогати сопственици во светот, тимот на Њукасл, сака да доведе ново засилување во нападот во зимскиот преоден рок. Менаџерот Еди Хау ги разгледа сите опции и сака да го купи холандскиот репрезентативец Мемфис Депај. Тој нема голема минутажа на „Камп Ноу“, а неговиот договор со Барселона истекува на крајот од сезоната.
Њукасл е подготвен да му понуди одлични услови на Депај, а Барселона најверојатно нема да прави проблеми за овој трансфер, бидејќи тој не е во плановите на тренерот Чави.
Имаше најави дека Депај ќе се пресели во Интер, но, сега многу пореална е опцијата да се врати во Премиерлигата каде некогаш го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.