Еден од играчите кои импресионираа на неодамна завршеното Светско првенство е аргентинскиот играч за врска, Алексис Мекалистер. Фудбалерот на Брајтон сега е цел на големите европски клубови, а договорот со Брајтон го обврзува до 2025 година.
Арсенал, Тотенхем и Атлетико Мадрид застанаа во редот за поранешниот играч на Бока Јуниорс и на Аргентинос Јуниорс. Се очекува Брајтон да побара најмалку 50 милиони фунти за својот фудбалер.
Во тековната сезона во Премиерлигата, Мекалистер одигра 14 натпревари и постигна пет гола. На Светското првенство одигра шест натпревари и постигна еден гол и забележа една асистенција, токму во финалето за голот на Ди Марија.