Top Sport

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Фудбалерите на Мароко остварија огромен успех на Светското првенство во Катар освојувајќи го четвртото место. Тие станаа првата африканска селекција која успеала да стигне до полуфинале на еден мундијал.

По враќањето во Рабат беа пречекани како херои, а имаа и свеќен пречек кај кралот Мохамед шести кој им додели ордени за херојскиот настап.

Мароканските фудбалери добија и финансиска награда, а одлучија сите пари од учеството и пласманот на СП што ќе ги додели ФИФА да ги донираат за сиромашните луѓе во земјата.

Scroll to Top