Top Sport

Франција, Хрватска, Словенија и Шпанија драстично ослабени доаѓаат на СП во ракомет

Светското првенство во ракомет ќе се одржи од 11. до 29.јануари наредната година во Полска и Шведска.

На СП ќе учествуваат 32 репрезентации, меѓу нив е и Македонија. Листата на фаворити е иста како и на последните неколку големи натпреварувања: Данска, Франција, Шпанија, Шведска, Норвешка, Хрватска…

Сепак, дел од фаворитите на Мундијалот ќе дојдат со драстично ослабен состав.

Најмногу проблеми имаат Французите и Хрватите. Францускиот селектор Гијом Жил не може да смета на левото крило на Монпеље Уго Дескат, бекот на Барселона Тимоти Н’Гесан, Ајмерик Мине од Нант, резервниот репрезентативен голман Весли Пардин и одбранбениот специјалист Карл Конан.

Шпанците нема да го имаат десното крило Алеикс Гомез Абел и Аитор Арињо.

Хрватскиот селектор Хрвоје Хорват нема да може да смета на Давид Мандиќ, Халил Јагањац и Марко Мамиќ, а проблеми со повреди се уште имаат Иван Чупиќ и Лука Циндриќ.

Словенија на Мундијалот ќе биде без Миха Зарабец (Кил), Матеј Габер (пик сегед) и Гашпер Маргуч (Веспрем).

Scroll to Top