Top Sport

Михневич заминува од кормилото на Полска

Фудбалскиот сојуз на Полска нема да го продолжи договорот со досегашниот селектор Чеслав Михневич. Договорот на селекторот завршува на 31 декември, соопштија од асоцијацијата.

Михневич (52) остана без работа откако го анализираше настапот на тимот на Светското првенство во Катар. Полска се пласираше во осминафиналето во Катар, каде беше елиминирана од Франција (3:1).

Во соопштението националниот сојуз се наведува дека Михневич ја презел функцијата во тежок момент и постигнал успех со пласманот во нокаут фазата на Светското првенство за прв пат по 36 години.

Михневич на крајот на јануари годинава стана селектор на Полска, преку баражот успеа да ја однесе Послак во Катар.

Scroll to Top