Шпанецот Луис Енрике е еден од кандидатите за нов селектор на бразилската репрезентација, пренесуваат локалните медиуми. Бразил моментално е без селектор, откако Тите доби отказ по елиминацијата на „кариоките“ во четвртфиналето на Светското првенство во Катар од Хрватска.
Претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација, Едналдо Родригез, претходно објави дека локалните тренери Абел Фереира, Доривал Јуниор и Фернандо Диниз се најсериозните кандидати за нов селектор на репрезентацијата на оваа земја.
Сепак, бразилските медиуми тврдат дека Енрике е кандидат за селектор на „кариоките“, откако неодамна ја раскина соработката со Шпанската фудбалска федерација по неуспехот на „црвената фурија“ на Мундијалот во Катар.
Енрике (52) пред Шпанија беше тренер на Барселона, Селта и Рома.