Иднината на Един Џеко во Интер во изминативе неколку дена сѐ повеќе се доведува во прашање. Босанскиот напаѓач би можел да го напушти „Џузепе Меаца“ и да се пресели во Турција.
Џеко оваа сезона игра одлично во дресот на Интер. Челниците на „нероаѕурите“ се задоволни од него, но неговиот понатамошен престој во Милано е неизвесен.
Договорот со Интер му завршува на крајот од оваа сезона, а турските медиуми најавуваат дека Галатасарај е сериозно заинтересиран да го доведе во својот тим.
Истанбулскиот гигант е подготвен да му понуди фантастични услови на 36-годишниот напаѓач. Договор за две сезони и плата од пет милиони евра по сезона.
Џеко во март следната година ќе наполни 37 години и апсолутно е јасно дека ова е голема можност за него.