Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), објави дека голот на Ришарлисон на натпреварот против Србија е избран за најубав гол на Светското првенство во Катар.
Во првото коло од групната фаза, бразилскиот напаѓач ги постигна двата гола за Бразил, против Србија. Вториот го постигна со ножички и тој е прогласен за најубав на СП.
Покрај Ришарлисон во конкуренција за најубав гол на Мундијалот беа Нејмар и Мбапе.
Richarlison! What have you done?! 🤯#FIFAWorldCup | @richarlison97 pic.twitter.com/kCKFdlINXq
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 24, 2022