Илкај Гундоган и понатаму е една од клучните алки во тимот на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола сака да го задржи на „Етихад“. Неговиот договор со шампионот на Англија истекува на крајот од оваа сезона, а раководството на клубот одлучи да му понуди продолжување на соработката до 2025 година.
Финансиските детали сѐ уште не се објавени, но јасно е дека Гундоган ќе биде задоволен и дека ќе го носи дресот на Манчестер Сити најмалку уште две и пол сезони.
Гундоган дојде во Сити во 2016 година од Борусија Дортмунд за 21 милион фунти. Тој одигра 169 натпревари и постигна 38 гола.