Кошаркарскиот вицепрвак Пелистер со два порази го заокружи учеството на Златибор во „балонот“ од АБА 2 лигата. Избраниците на Марјан Илиевски вечерва беа поразени од Хелиос со 88:70 во рамките на седмото коло од регионалното натпреварување.
Кошаркарите на Хелиос првата четвртина ја завршија со предност од четири поени (27:23), а на полувреме имаа двоцифрена разлика, 49:39.
На крајот, поразот на Пелистер беше убедлив.
Карутерс со 20 и Хаџифезовиќ со 17 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер на овој меч.