Француски „Лекип“ го избра најдобриот тим за 2022 година. Место меѓу 11. најдобри има за најдобриот играч на СП во Катар, Лионел Меси и освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема.
На голот на најдобриот тим е Тибо Куртоа, белгискиот голман кој блескаше во Реал и беше еден од најзаслужните што мадридскиот клуб ја освои Лигата на шампионите.
Во одбрната се Кајл Вокер (Манчестер Сити), 20. годишникот од Лајпциг Јошко Гвардиол, Вирџил ван Дајк (Ливерпул) и Тео Ернандез (Милан).
Во средниот ред се Лука Модриќ, третиот најдобар играч на Светското првенство, неговиот поранешен соиграч од Реал Касемиро и Кевин де Брујне од Манчестер сити.
Нападот го предводат Лионел Меси (ПСЖ), најдобриот играч на Светското првенство, Килијан Мбапе (ПСЖ) кој беше најдобар стрелец во Катар и актуелниот освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема (Реал).
Équipe type monde 2022 : des Bleus et des Rois
Le Real Madrid, champion d'Europe en mai, place quatre joueurs dans une équipe de l'année menée par un duo d'attaque tricolore, Karim Benzema et Kylian Mbappé https://t.co/YBbY4oNoOL pic.twitter.com/JL7HbbteUJ
— L'ÉQUIPE (@lequipe) December 24, 2022