Спортскиот суд во Мадрид ја отфрли жалбата на Барселона за суспензијата од три натпревари на Полјакот Роберт Левандовски. Ла Лига го казни Левандовски поради исклучувањето против Осасуна на 8. ноември, објавија шпанските медиуми.
Левандовски ќе мора да ги пропушти првенствените натпревари против Еспањол, Атлетико Мадрид и Хетафе, но ќе може да игра во шпанскиот Копа дел Реј и Суперкупот.
Тоа беше прво исклучување за Полјакот од февруари 2013 година, кога заработи црвен картон играјќи за Борусија Дортмунд..