Top Sport

Халилхоџиќ за Мароко: Не можам да им простам

Тренерот од Босна и Херцеговина, Вахид Халилхоџиќ за прв пат проговори за отказот што му го врачи Мароканскиот фудбалски сојуз, еден месец пред стартот на Мундијалот.

Тој со Мароко избори место на Мундијалот во Катар, но поради конфликт со ѕвездите на тимот – беше сменет.

Тој беше заменет со Валид Реграги, кој ја предводеше африканската репрезентација до четвртото место на Светското првенство.

По планетарното истражување тој дури и се заблагодари на Халилхоџиќ кој ги постави темелите на овој тим.

Сепак, тие зборови за Халилхоџиќ не значат ништо.

„Знаете дека воопшто не коментирав ништо за Мароко. Ми се јавуваа новинари од Мароко, од регионот… но ми беше тешко да кажам нешто. И овие зборови не можат да ја намалат мојата горчина бидејќи го пропуштив турнирот. Ми ја одземаа гордоста, не можам да заборавам или да им простам. Тоа требаше да биде моето збогување со тренерска кариера. Тоа е се што можам да кажам на таа тема“, изјави Халилхоџиќ за „Тпортал“.

Scroll to Top