Италијанскиот вицепрвак Интер започна преговори за ангажирање на играчот од средниот ред на Валенсија, Јунус Муса, пренесува „Калчомеркато“.
Според информациите, „лилјаците“ се подготвени да се разделат со американскиот интернационалец за сума од 40 милиони евра. Во моментов „нероаѕурите“ ги немаат потребните средства за ваков трансфер, но се подготвени да вклучат свој играч во евентуалната зделка за да се обидат да ја намалат цената.
Муса блесна на настапите на Светското првенство во Катар, каде со селекциите на Англија, Иран и на Велс. „Јенките“ потоа беа елиминирани од Холандија со 3:1 во осминафиналето.