Барселона оваа зима сакаше да го ангажира суперталентираниот напаѓач Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд, но нема да може да го стори тоа. Каталонскиот клуб се консултирал со Ла Лига и не добил дозвола за ново засилување.
Ла Лига и одговорила на Барса дека 18-годишниот напаѓач не е опција, бидејќи тоа би било надвор од правилата на финансискиот фер-плеј за клубот.
Барселона ќе мора почека до претстојното лето, кога ќе може бесплатно да го ангажира Мукоко, бидејќи договорот на овој напаѓач со „милионерите“ истекува во јуни.
Каталонците допрва ќе треба да се борат за неговиот потпис, бидејќи конкуренција ќе имаат во Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и во Тотенхем.
Мукоко има шест гола и три асистенции во 12 натпревари во Бундеслигата оваа сезона.