Top Sport

Кампацо дебитираше за Црвена Звезда во убедливиот триумф во АБА

Актуелниот шампион Црвена Звезда со убедлива победа над Борац Чачак (86:57) ја затвори оваа година во АБА лигата. Истовремено на овој меч во дресот на „црвено-белите“ дебитираше новото големо засилување Факундо Кампацо. Тој постигна 11 поени и имаше пет асистенции и три скока за 19 минути поминати на паркетот.

Најефикасен во тимот на Душко Ивановиќ беше Огњен Добриќ со 15 поени, а Филип Петрушев и Бенџамин Бентил уфрлија по 13.

Кај Борац, а воедно и на мечот, најдобар стрелец беше Хантер Хејл со 17 постигнати кошеви.

Scroll to Top