Арсенал се договориле со играчот од средниот ред на Шахтјор, Михајло Мудрик.
Според новинарот, Никола Шира, Арсенал продолжува активно да преговараат за потписот на 21. годишниот играч.
За Украинецот е заинтересиран и Њукасл, но предност има Арсенал кој веќе постигна начелен договор за играчот од средниот ред.
Проблем за реализација на трансферот е сумата што ја бара Шахтјор. Пред два месеци од клубот објавија дека Мудрик вреди 100.000.000 евра.
Мудрик оваа сезона одигра 12 натпревари во украинската лига, постигна шест гола и додаде седум асистенции. Тој исто така постигна три гола на шест натпревари во Лигата на шампионите.
Мудрик има важечки договор со Шахтјор до 31. декември 2026 година.