Top Sport

Бенфика нуди 15 милиони евра за 18. годишен Норвежанец

Поранешниот европски првак и португалски гигант Бенфика игра феноменална сезона. Минатото лето клубот за главен тренер го назначи Германецот Роџер Шмит, што се покажа како полн погодок, бидејќи Бенфика моментално е една од ретките непоразени екипи во Европа.

Во првенството изгледаат како главен кандидат за титулата што им бегаше во последните три години во корист на ривалите Порто и Спортинг, а во Лигата на шампионите лесно се пласираа во нокаут-фазата каде ги чека Клуб Бриж.

Според португалскиот весник „А Бола“, тимот на Шмит би можел да добие нов член во јануари.

Блиску до потпис со Бенфика е 18.годишниот Норвежанец Андреас Шјелдеруп, кој игра во данскиот прволигаш Нордсјеланд. Сезонава добива најсериозна минутажа откако игра за сениорскиот тим. На 17 натпревари постигна десет гола.

За овој фудбалер, Бенфика понудиле 15 милиони евра со бонуси (10+5), што ќе го направи Шјелдеруп еден од најскапите играчи до 18 години. Младиот напаѓач кој потекнува од познатата академија на Бодо/Глимт веќе има три настапи и еден гол во националниот тим.

Scroll to Top