Лионел Скалони нема намера да се повлече од селекторската функција откако ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапија. Избраниците на Лионел Меси ја победија Франција со 4:2 на пенали во возбудливото финале во Катар, кое заврши со 3:3 по продолженијата.
На 44-годишниот стратег му истекува договорот на крајот на оваа недела и се претпоставува дека ќе преземе некој голем клуб, но Тапија не мисли дека тоа ќе се случи.
„Не се сомневам дека Скалони ќе продолжи да биде селектор на селекцијата на Аргентина. И двајцата си го држиме зборот. Се ракувавме и рековме – да. Во моментов тој е на пат, но штом ќе се врати, ќе го финализираме новиот договор“, изјави Тапија.