Top Sport

Атлетико Мадрид го сака Борха Иглесијас за наследник на Жоао Феликс

Атлетико Мадрид планира понуда за голгетерот на Бетис, Борха Иглесијас. Според „Марка“, тоа е играчот кој треба да го замени Жоао Феликс во тимот на Диего Симеоне. Португалецот сака да го напушти тимот и најверојатно ќе се пресели во Премиерлигата.

Атлетико веќе стапил во контакт со луѓе од опкружувањето на Борха Иглесијас, но не преговарале со Бетис. 29-годишниот фудбалер има постигнато осум гола од почетокот на сезоната во Примера, а неговиот договор е до 2026 година.

Диего Симеоне притиска да му биде донесне нов напаѓач бидејќи Атлетико Мадрид се раздели и со Матеус Куња кој потпиша за Вулверхемптон. Сега единствен класичен напаѓач во тимот е Алваро Мората.

Scroll to Top