Top Sport

Црна Гора ги тестира македонските ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија почнува со пријателски натпревари како подготовка за настап на Светското првенство во Полска и во Шведска. Денеска од 17 часот, македонските ракометари во Маврово ќе тестираат против Црна Гора.

И двете репрезентации нема да бидат комплетни. Селекторот Кире Лазаров ќе го нема на располагање Филип Кузмановски, кој сѐ уште има клупски обврски и вечерва ќе игра за Хановер во Бундеслигата.

Црногорците се и без селекторот Зоран Рогановиќ и дури деветмина интернационалци, кои исто така имаат клупски обврски. Но, овој тест секако ќе биде под полза и за двете селекции.

Светското првенство почнува на 11 јануари, а Македонија ќе игра во Краков, против Аргентина, Норвешка и против Холандија.

Scroll to Top