Новак Ѓоковиќ во новата сезона ќе влезе со нов член во својот стручен тим. Српскиот тенисер ја раскина соработката со физиотарапевтот, Аргентинецот Улисес Бадио. „Спортклуб“, објави дека нов физио на Ѓоковиќ ќе биде Италијанецот Клаудио Цимаља.
Бадио почна да работи со Ѓоковиќ во мај 2017 година, првично делејќи ги обврските со Миљан Амановиќ, а особено се истакна кога Ѓоковиќ имаше проблеми со лактот, како и на патот до титулата на Австралија опен во 2021 година – тогаш Новак се повреди во мечот од третото коло со Тејлор Фриц и на патот до трофејот прекина со тренинзите и помина безброј часови на терапија.
Со текот на времето, Аргентинецот стана еден од милениците на навивачите на Новак, но двете страни не постигнаа договор за продолжување на соработката.
Негов наследник, според сите проценки, е Италијанецот Клаудио Чимаља, кој беше виден со Ѓоковиќ на првиот тренинг во Аделаида.
Професорот на Академијата за остеопатија во Торино и физиотерапевт, Цимаља до неодамна соработуваше со Брендон Накашима, а беше и во тимовите на Милош Раониќ и Јаник Синер.
Автор е на книгата „Спортска масажа и комплементарни техники“.
Ѓоковиќ почнувајќи од следната недела ќе го игра првиот турнир сезонава во Аделаида, а потоа ќе се пресели во Мелбурн, каде од 16. јануари ќе се обиде да ја освои десеттата титула на Австралија опен.