Арсенал води во трката за потписот на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди „Кориере дело Спорт“.
Милинковиќ-Савиќ редовно беше поврзуван со преселба во Премиерлигата во последните години, но сега е во искушение за преселба во Англија, откако го импресионираше менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
„Топчиите“ моментално се на врвот на табелата во Премиерлигата и се очекува да инвестираат значително во јануарскиот преоден рок. Артета го повика раководството на клубот ирно да ангажира нови играчи за да може да го засили тимот за вториот дел од сезоната.
Арсенал достави понуда од 55 милиони фунти и за Михаило Мудрик, која беше одбиена од Шахтјор Доњецк.
Милинковиќ-Савиќ е под договор со Лацио до јуни 2024 година, што значи дека клубот би можел да го продаде најдоцна ова лето за да избегне играчот од средниот ред да влезе во последната година од договорот.