Дресот на Сантос со број „10“ засекогаш ќе биде повлечен од употреба во чест на легендарниот Пеле, пишува бразилски „Глобо“. Според изданието, желбата на семејството на Пеле, кој почина на 82-годишна возраст, е никој друг да не го носи дресот што го носеше кралот на фудбалот.
Барањето наскоро и официјално ќе биде испратено до клубот чиј дрес го носеше Пеле во периодот од 1956 до 1974 година. Фудбалерот од Венецуела, Еферсон Солтедо, моментно го носи дресот на Сантос со број „10“.