Top Sport

Барселона со жалба „изигра“ Левандовски да може да игра против Еспањол

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски ќе може да настапи за Барселона на утрешното градско дерби против Еспањол. Тој доби суспензија од три натпревари поради црвениот картон што го заработи на натпреварот против Осасуна.

Сепак, правниот тим на каталонскиот гигант испрати жалба до Спортскиот трибунал во Шпанија во обид неговата казна да биде намалена.

Трибуналот го нема разгледано барањето на Барселона, а сѐ додека нема одлука, нема да стапи на сила ниту санкцијата што ја изрече Дисциплинската комисија на Ла Лига.

Scroll to Top