Реал Мадрид се подготвени да потрошат над 100 милиони евра за фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем и сигурни се дека можат да го забрзаат договорот со преговорите во јануари, тврди „ЕСПН“.
Според нивните извори „кралевите“ сметаат на 19-годишниот Англичанец како на „прв приоритет“ следната сезона, но се свесни дека постои голема конкуренција од Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, и во прв план Ливерпул. Неговите фантастични настапи за Англија на Светското првенство уште повеќе го зголемија интересот и Реал се сигурни дека сума од 100 милиони евра ќе биде доволна, посебно поради одличните односи на претседателот а клубот, Флорентино Перез и генералниот директор на Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке.
„ЕСПН“ додава дека преговорите со агентите на Белингем остануваат позитивни и дека долгорочните напори за неговиот потпис на крајот ќе се реализираат. Мадрид го победија Ливерпул за потпиот на Орелиен Чуамени минатото лето, но во исто време не успеаја да го убедат Килијан Мбапе да се откаже од Пари Сен-Жермен.