Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, во улога на стручен коментатор за телевизијата „БТ спорт“, го коментираше потегот на менаџерот Ерик тен Хаг, да го изостави од стартниот состав за мечот во Вулверхемптон, Маркус Рашфорд.
Тен Хаг, пред мечот, на новинарите им открил дека Рашфорд е казнет поради недисциплина.
„Што мисли? Па, тој со некои негови потези систематски си ја уништува улогата во тимот. Со ова направи неговиот статус да биде под знак прашалник до крајот на сезоната. Момчето е глупаво, морам да го кажам тоа. Што и да направи сега, следните шест месеци за него ќе бидат голем прашалник“, изјави Сколс .за англиската телевизија БТ Спорт пред натпреварот, кога во јавноста беше испратена информација дека Рашфорд нема да го започне натпреварот.
Рашфорд се наоѓа во многу добра форма оваа сезона, постигна 10 гола во сите натпреварувања, што вклучува два гола на двата одиграни натпревари по враќањето од Светското првенство. Но, Тен Хаг не дозволи да се поигрува со неговата репутација, а Рашфорд јасно ја преминал границата…