Словенечката НБА суперѕвезда ја комплетираше низата од историски пет натпревари со 51 поен, за Далас маверикс да стигнат до драматична 126:125 победа над Сан Антонио спарс.
Дончиќ имаше два скока и две слободни фрлања во последните 4.5 секунди од мечот, да помогне Далас да стигне до победата, и третпат во последните пет меча имаше над 50 поени, вклучувајќи ги 60-те поени, 21 скок и 10 асистенции во четвртокот наавечер во побдата над Њујорк никс. Тој е првиот кошаркар во НБА историјата со 250 поени, 50 скока и 10 асистенции во серија од пет меча.
„Ова е неверојатно! Седум години сум во лигата и никогаш не сум видел некој да го прави тоа што го прави тој. Игра како МВП. Кој би се спротиставил да кажеме дека е најдобриот играч во лигата?“, вели центарот на Маверикс, Кристијан Вуд.
Маверикс водеа со 17 поени предност, но на крајот мораа да се потрудат за победата. Спарси се вратија со 11:3 серија во последната четвртина и дојдоа на два поени разлика. Најдобрата шанса за продолженија имаше Тре Џонс, кој при 126:124 имаше две слободни фрлања, но искористи само едно. Дончиќ ја дофати топката, за на 1.1 секунда пред крајот да биде фаулиран. Првото слободно фрлање го промаши, а потоа намерно и второто за топката да му се врати во раце и мечот да заврши.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Индијана – ЛА клиперс 131:130
Шарлот – Бруклин 106:123
Чикаго – Кливленд 102:103
Хјустон – Њујорк 88:108
Сан Антонио – Далас 125:126
Мемфис – Њу Орлеанс 116:101
Минесота – Детроит 104:116
Оклахома Сити – Филаделфија 96:115
Јута – Мајами 123:126