Откако саудискиот клуб Ал-Наср потпиша со Кристијано Роналдо, следен на целта бил и Лука Модриќ тврди шпанска „Марка“, но хрватскиот репрезентативец одбил било каква можност да си замине од клубот, очекувајќи нов договор за уште една сезона.
Модриќ и покрај своите 37 години, повторно покажа дека може да биде клучен играч на Светското првенство во Катар, каде што ја предводеше Хрватска до третото место, но и на 30 декември, кога беше подготвен да биде дел од Реал на мечот против Валјадолид само 13 дена по настапот на Мундијалот. Модриќ не размислува за други клубови и покрај богатите понуди и сигналите од Реал се дека се подготвени да му дадат барем уште едногодишен договор.
Според „Марка“, Модриќ имал понуди и од американската МЛС лига, која сака да го крене профилот на натпреварувањето пред Светското првенство во 2026 година, но тој отфрлил и таква можност.
Y en el Madrid están encantados, claro 🙂
Modric rechaza ofertas millonarias por seguir en el Madrid https://t.co/QOMmKkGh5I Lo cuenta @jfelixdiaz
— MARCA (@marca) January 1, 2023