Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе го пропушти првиот дел од подготовките на Динамо Загреб поради болест, информираат хрватските медиуми. Адеми и играчот за врска Јосип Мишиќ нема да заминат со Динамо на зимските подготовки во Ровињ. Тие имаат имаат вироза и лекарскиот тим одлучил да останат во Загреб.
Фудбалерите на Динамо Загреб ќе одиграат пријателски натпревар против Целје, а треба да останат во Ровињ до 12 јануари.
Тренерот Анте Чачиќ ќе ги има на располагање и хрватските репрезентативци кои се вратија од Катар, Доминик Ливаковиќ, Јосип Шутало, Бруно Петковиќ и Мислав Оршиќ, а на подготовките заминува капитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски.