Лионел Меси доби „шпалир“ од своите соиграчи и од вработените во клубот при враќањето на тренинзите со Пари Сен-Жермен, две и пол недели откако ја предводеше Аргентина до светската титула во Катар, иронично со победа на пенали над француската репрезенација.
„Сакам да се заблагодарам на сите за приемот кој го добив, од сите вработени, од моите соиграчи и од тренерскиот тим. Пресреќен сум и сега сум подготвен за нови предизвици“, изјави Меси.
Колегата на Меси од ПСЖ, Килијан Мбапе, ги постигна сите три гола за Франција пред пенал-серијата во финалето, додека Меси постигна два гола за Аргентина. Мбапе се врати во акција минатата недела, додека Меси доби дозвола да „продолжен“ одмор. Следниот меч на ПСЖ е во петок против Шатеру во Купот на Франција, додека следниот лигашки меч е во среда против последнопласираниот Анжер.
Двегодишниот договор на Меси со ПСЖ завршува на крајот на сезоната, но се верува дека е подготвен да го продолжи за барем уште една година.
🎙 Leo Messi: "I want to thank everyone for the welcome I received, from all the employees, my teammates and the staff. I'm happy, and I'm going to get ready for the upcoming challenges." ❤️💙
Via @PSG_English pic.twitter.com/oPiV0Z2Jlu
— Lionel Messi Fan Club (@LMessifanclub) January 4, 2023