Шпанскиот репрезентативен голман Давид Де Хеа, наскоро ќе го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, објавија англиските медиуми.
Де Хеа немал намера да го напушта Манчестер, особено сега кога Тибо Куртоа потпиша за Реал Мадрид.
Голманот на „црвените ѓаволи“ им се приклучи во 2011 година. Неговиот актуелен договор истекува во 2019 година.