Top Sport

Ѓоковиќ го избрка својот брат од трибините, па во маратон го победи Корда

Новак Ѓоковиќ имаше совршена подготовка за Австралија опен, откако во маратонското финале на Аделаида опен се врати од сет негатива за 6:7(8)/7:6(3)/6:4 го совлада Американецот Себастијан Корда, но само откако по загубениот прв сет го избрка од трибините својот помлад брат Марко.

Во поголем дел од мечот од повеќе од 3 часа двајцата тенисери беа израмнети, и откако Корда го искористи седмиот сет поен за да го освои првиот сет во тај-брејкот, Ѓоковиќ со гестикулации ги избрка од трибините неговиот помлад брат Марко и агентот Едоардо Арталди. По, ова во исто толку драматичниот втор сет, Ѓоковиќ израмни, повторно во тај-брејк, за, конечно, во третиот сет да направи брејк во последниот гем за импресивна победа и доказ дека е во одлична форма.

Ова е фантастична 92. титула во кариерата на Србинот.

Женскиот трофеј во Аделаида отиде кај Белорусинката Арина Сабаленка, која се промовираше како една од фаворитките за титулата на Австралија опен, со 6:3/7:6(4) ја стопираше чешката тинејџерка Линда Носкова. 18-годишната Носкова претходно на турнирот ги победи третата носителка, Дарја Касаткина и поранешната шампионка од Мелбурн, Викорија Азаренка за свое прв ВТА финале.

За Сабаленка, која го освои турнирот без загубен сет, ова е 11. титула во кариерата, но прва по речиси две години.

Одличен старт на годината имаше и Американката Коко Гоф, која со 6:1/6:1 ја совлада шпанската квалификантка Викторија Масарова во финалето на АСБ Класик во Оукленд, Нов Зеланд. Ова е трета ВТА титула во кариерата на 18-годишната Гоф

Scroll to Top