Хрватскиот дефанзивец на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол вели дека е далеку потешко да го „чуваш“ Лионел Меси кога игра за Аргентина отколку кога е дел од Пари Сен-Жермен, откако имаше шанси да се сретне со Аргентинецот во двете ситуации.
Гвардиол, кој имаше одличен настап на Мундијалот во Катар, сепак, не успеа да го сопре Меси во полуфиналната пресметка, кога Меси фантастично го помина за да биде асистент во финишот на мечот.
„Беше потешко да го чувам со Аргентина отколку на мечот со Париз. Тоа е сосема поинаку – во клубот има целосно поинаква улога отколку во репрезентацијата. Зошто? Мислам дека се работи за мотивација, бидејќи Мундијалот беше последна шанса да го освои тој трофеј. Тој е убедливо најдобриот фудбалер против кого сум играл. Мал е и не можеш да го сопреш на поинаков начин отколку со фаул“, вели 20-годишниот Гвардиол за „Билд“.
Гвардиол уште лани си кажа: Меси? Тоа се случува еднаш на сто години