Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг во разговор со млади навивачи на „ѓаволите“ призна дека би сакал да потпише со Џуд Белингем и Килијан Мбапе, но посочи дека клубот не може да си ги приушти, барајќи „ситно“ од нив.
Додека делеше автограми, еден од навивачите го побара Белингем, за друг да го дофрли и името на Мбапе, на што Холанѓанецот договори со барање на неколку пени, алудирајќи на нивната висока цена.
Додека Тен Хаг успеа да го стабилизира Јунајтед, јануарскиот преоден рок покажува дека нема да има неограничен буџет и наместо трансфер на фудбалери од калибарот на Белингем и Мбапе, тие се поврзувани со трансфер на Вут Вегхорст, фудбалер на Барнли кој е на позајмица во Бешикташ и Винсен Абубакар, камерунскиот ветеран кој беше ослободен од договорот со саудискиот Ал-Наср, за иронично да се направи место за регистрација на Кристијано Роналдо.
“Have you some pennies for me?” 😭 pic.twitter.com/stQxVYxtDn
— utdreport (@utdreport) January 8, 2023