Top Sport

Сити за едно полувреме го „покоси“ Челси, четвртолигашот Стивениџ ја шокираше Вила!

Манчестер сити стигна до втора победа над Челси за една недела, откако на „Етихад“ ги декласираше „сините“ на Греем Потер со 4:0 во третото коло на ФА купот.

Иако Пеп Гвардиола ги остави на клупата Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд и Илкај Гундоган, неговиот тим одигра доминантно прво полувреме, во кое постигнаа три гола и го решија патникот во осминафиналето. Ријад Марез повторно покажа колку е важен за „граѓаните“, кога во 23. минута со совршен слободен удар го совлада Кепа Аризабалага за да го отвори резултатот.

Само седум минути подоцна беше досуден пенал за Сити, кој сигурно го реализираше Хулијан Алварез, за во 38. минута, Фил Фоден да постигне прекрасен гол по асистенцијата на Кајл Вокер за 3:0. До финишот на мечот, Челси не успеа да се врати во игра, за во 85. минута да биде досуден уште еден пенал, а Марез да го постигне својот втор гол.

Астон вила не успеаја да го минат третото коло, откако примија два гола во финишот на мечот и загубија со 1:2 од четвртолигашот Стивениџ. Морган Сансон во 33. минута донесе очекувано водство за домаќините, но во самиот финиш на мечот беше досуден пенал и црвен картон за Лео Дондакер, за Џејми Рејд да израмни од белата точка. Кога сите се подготвуваа за реми и за римеч на гости кај Стивениџ, Дин Кемпбел во 91. минута успеа да го исфрли тимот на Унаи Емери.

ФА КУП, 3.КОЛО
Манчестер сити – Челси 4:0
Астон вила – Стивениџ 1:2

Scroll to Top