Top Sport

Белингем почна да потпишува дресови на Реал Мадрид

Шпекулациите за трансферот на Џуд Белингем во Реал Мадрид се зголемија, откако Англичанецот на тренинг-кампот на Борусија Дортмунд во Марбелја, Шпанија, потпиша и дрес на „кралскиот“ клуб.

Со ова се подгреаја надежите дека 19-годишниот талент веќе го избрал Реал Мадрид и покрај желбите на англиските гиганти Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед да го добијат неговиот потпис. Белингем веќе има 9 гола и 3 асистенции за Борусија оваа сезона, но за малку немаше да биде со тимот на подготовките на топло време во Шпанија, откако го заборавил пасошот на аеродромот во Лондон.

Scroll to Top