Top Sport

Ноел Ле Грает отстапи од претседателската функција на ФФФ

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грает се повлече од должноста, а потпретседателот Филип Диало е именуван за вршител на должноста привремен претседател, соопшти ФФФ.

„Ноел Ле Грает, во договор со состанокот на Извршниот комитет на ФФФ денеска во Париз, одлучи да направи чекор назад од неговите должности како претседател на федерацијата сè додека не биде конечно соопштена ревизијата побарана од Министерството за спорт“, се вели во соопштението на ФФФ по итниот состанок на извршниот комитет.

Ле Грает имаше низа скандали, прво вулгарно се обрати кон француската фудбалска легенда Зинедин Зидан, а потоа наводно и сексуално вознемирувал една фудбалска агентка.

Scroll to Top