Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, е трансферна цел на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид. Раководството на клубот пред неколку недели почнало преговори со „црвените ѓаволи“ за евентуален трансфер на 28-годишниот Швеѓанец, но биле одбиени бидејќи Јунајтед има намера да го задржи играчот во своите редови.
Менаџерот Ерик тен Хаг не сака да се раздели со дефанзивецот оваа зима.
Актуелниот договор на Линделоф е до 2024 година, а неговата вредност се проценува на околу 15 милиони евра.
Во тековната сезона, шведскиот интернационалец настапи на 13 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Манчестер Јунајтед.