Светското првенство во ракомет на кое ќе учествува и Македонија започна синоќа со победата на Франција од 26:24 против домаќинот Полска. Денешниот ден продолжува со седум натпревари. Македонските ракометари денеска отпатуваа за Краков, а утре ќе ја имаат премиерата против Норвешка.
Во групата А денеска играат Чиле – Иран и Шпанија – Црна Гора. Во групата Б се среќаваат Унгарија – Јужна Кореја, како и Исланд – Португалија, додјеа во групата Ц, во која се и Франција и Полска, Словенија ќе игра против Саудиска Арабија.
Во групата Д денеска играат и Зеленортските Острови – Уругвај и Шведска – Бразил.
Словенците се најголеми фаворити на денешните дуели.
Распоред на натпревари на СП за денеска
Чиле – Иран, 18 ч
Унгарија – Јужна Кореја, 18 ч
Саудиска Арабија – Словенија, 18 ч
Капе Верде – Уругвај, 18 ч
Исланд – Португалија, 20:30 часот
Шпанија – Црна Гора, 20:30 часот
Шведска – Бразил, 20:30 часот