Преговорите меѓу Арсенал и Шахтјор Доњецк за крилниот напаѓач Михаило Мудрик влегуваат во клучна фаза. „Топчиите“ дадоа нова понуда за 22-годишниот фудбалер, кој е многу посакуван од менаџерот Микел Артета. Понудата е вредна 70 милиони евра, плус голем број бонуси.
Според информациите од Островот, двата клуба никогаш не биле поблиску до договор. Сепак, сѐ уште нема конечно „да“ од Шахтјор. Разговорите ќе продолжат денеска.
За Мудрик е заинтересиран и Челси, но од „Стемфорд Бриџ“ засега не излегле со конкретна понуда, а самиот играч веќе му дал збор на Арсенал.
Украинскиот интернационалец во тековната сезона има 12 натпревари и седум гола во локалниот шампионат.