Дефанзивецот Милан Шкриниар ќе го напушти Интер на крајот на сезоната, пренесува „Газета дело Спорт“. Преговорите меѓу раководството на клубот и фудбалерот околу продолжувањето на договорот пропаднале, па дефанзивецот ќе си замине како слободен играч доколку не се случи нова рунда разговори.
Пари Сен Жермен и Челси се клубовите кои сакаат да го ангажираат Шкриниар по истекот на договорот.
ПСЖ му понуди двојно поголема плата, 12 милиони евра по сезона, доколку реши да се пресели во Париз следното лето. Интер за обновување на соработката му нуди 6 милиони евра годишно.